Евертон изненадувачки се решени да дадат 40 милиони фунти за Белгиецот Мичи Батшуаи од понеделник за да го засилат својот напад.
Батшуаи уште е фудбалер на Челси, кои не се подготвени да го дадат на позајмица, туку сакаат директен трансфер и на крајот „карамелите“ се подготвени и за ваков договор. Ова ќе биде „коцкање“ на Евертон откако поради слаба форма Валенсија му го поништи договорот за позајмица.
25-годишниот „Бетмен“ постигна само еден гол во Ла лига пред да се врати на „Стемфорд бриџ“ каде што за него нема место во првиот тим. Тој нема постигнато повеќе од 10 гола од заминувањето од Марсеј во 2016 година, откако лани играше како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд.
Фото: ЕПА