Хрватска синоќа доживеа тежок пораз од Бразил во главната фаза на Светското првенство во ракомет. Со овој пораз Лино Червар и неговите избраници значително си ги намалија шансите да стигнат до полуфиналето.
Хрватите, во главната фаза влегоа со четири бода, го планираа триумфот против Бразиците, а потоа во последните две кола ќе требаше само да го потврдат полу-финалето.
За поразот од Бразил, Хрватите ќе треба да се вадат против најтешките можни ривали Германија и Франција.
Синиќешниот пораз на репрезентацијата која ја предводи Лино Червар, не пропушти да ја коментира македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски.
Познато е дека Червар и Ристовски никогаш не биле во добри односи како во Металург така и во репрезентацијата на Македонија.
Ристовски на социјалната мрежа „Инстраграм“ јасно им порача што мисли на сите оние кој по победата на Хрватска над Шпанија го нарекоа Червар „генијалец“.