Top Sport

Д-Роуз со звукот на сирената го реши Финикс (Видео)

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс, во драматичен финиш, со поените на Дерик Роуз ги победија Финикс Санс со 116:114.

Поранешниот МВП во најсилната кошаркарска лига во светот, Дерик Роуз, го реши победникот со поените постигнати во последната секунда. Финикс Санс во последните 105 секунди не постигнаа ниту еден поен, што им овозможи на домаќините да забележат победа.

Роуз 29 од своите 31 поени ги постигна во второто полувреме. Покрај Роуз кај Минесота се истакна и Карл-Ентони Таунс со 30 поени и 12 скока.

Подобри од останатите кај Финиск беа Ти-Џеј Ворен со 21 и Девин Букер со 18 поени.

Scroll to Top