Американецот Џејмс Нанели треба да потпише договор со италијанскиот претставник во Евролигата, кошаркарскиот клуб Армани Милано.
Нанели изминатите шест месеци беше играч на Хјустон во НБА лигата, а откако не успеа да се избори за место во тимот реши да се врати во Европа.
Нанели во 2017 година стана европски шампион со Фенербахче, а претходно играл за Естудијантес, Макаби Ашход и Авелино. Како играч на Авелино беше прогласен за МВП во италијанскиот шампионт што и му овозможи трансфер кај Жељко Обрадовиќ во Фенербахче.
Американецот ќе ја засили исклучителна силната бековска линија на Армани во која неговиот сонародник Мајк Џејмс, односно Србите Владимир Мицов и Немања Недовиќ.