Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис Казмирски, се надева дека клубот по завршувањето на сезоната ќе му понуди нов договор, како би можел во „црвено-белиот“ дрес да ја заврши кариерата.
Бразилецот, има договор со Атлетико до крајот на оваа сезона и како што рекол свесен е дека преговорите нема да одат лесно.
„Кога од Челси се вратив во Атлетико планирав тука да ја завршам кариерата. Имав 30 години и ќе го одработев договорот со 33 или 34 години. Меѓутоа сега мислам дека можам да играм уште две или три години и дури потоа да заминам в пензија“, рекол Фелипе Луис и дополнил.
„Знам дека секој клуб води своја политика, така е и со Атлетико. Во нашиот клуб на постарите играчи им се нудат едно годишно договори. За мене тоа не е најсреќна опција бидејќи не ми дава сигурност. Јас сум семеен човек и поради школувањето на моите деца морам да имам јасен план. Сепак верувам дека можеме да постигнеме договор до јуни“.
Според новинарските шпекулации интерес за Фелипе Луис покажувале Барселона и Јувентус.