Светската анти-допинг агенција (ВАДА) соопшти дека Русија би можела да биде исклучена и од наредните Олимписки игри во Токио. ВАДА наведува дека ќе испратат препорака со која „многу веројатно“ ќе побараат на ниту еден руски спортист, спортски работник и функционер да не му биде дозволен настап на Олимписките и Параолимписките игри во Токио, доколку податоците од лабораторијата во Москва бидат сменети.
Исто така, од ВАДА ќе препорачале на „Русија да и биде забрането да организира светско првенство во било кој спорт на одредено време“. Русија, до 31.декември требало да ги предаде податоците од лабораторијата во Москва, но не го испочитува рокот. По посетата на челниците на ВАДА податоците биле предадени минатата недела.
ВАДА ја започнале анализата на податоците и тоа би можело да трае неколку недели. Како е наведено, испорачани биле доволно податоци, поради што Русија би можела да избегне нова суспензија на својата анти-допинг агенција.