Поранешниот возач на Ферари, Ирецот Еди Ирвајн повторно влезе во остар напад на Себастијан Фетел нарекувајќи го „пони со еден трик“, кој секогаш бил преценет во спортот.
Ирвајн, кој се пензионираше во 2002 година, претходно го нарекуваше Фетел „расипано детиште“, обвинувајќи го за препотентност, а сега отиде и понатаму.
„Мислам дека Фетел е добар возач, но навистина не заслужува да биде четирикратен светски шампион. Мислам дека е претерано преценет, пони со еден трик, и за разлика од него Луис има многу поголем талент“, вели 53-годишниот Ирвајн во интервју за „Би-би-си“.
Луис Хамилтон е дефинитивно најдобриот возач на светот, вели Ирвајн, но сепак, не може да се споредува со Михаел Шумахер.
„Мислам дека Луис е во целосно друга лига од другите возачи денеска. Но, не е во лигата на Михаел и не е ниту блиску, иако ги ниже победите. Тој го има најдобриот болид, така што нема вистинска конкуренција. Фетел од друга страна е добар кога нема никој пред него за тркање. Михаел беше како и Аиртон Сена, одличен секој ден. Во две сезони, Џенсон Батон имаше повеќе поени од него, нешто што никој не му го направи на Михаел“, вели Ирвајн.