Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ, од наредната сезона , повторно ќе го облечат дресот на ЖРК Будуќност. Црногорските репрезентативки се членки на романскиот шампион ЧСМ Букурешт.
Радичевиќ по осум години ќе се врати на местото каде што ја започна својата професионална кариера. Од 2004 до 2011 година таа играше во Будуќност, потоа две сезони мина во Ѓер, а потоа од 2013 до 2018 година беше дел од Вардар.
Од оваа сезона, таа заедно со Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ стана дел од ЧСМ Букурешт, откаде ќе замине по само една година.
Во кариерата со Ѓер ја има освоено Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Црна Гора има европско злато и олимписко сребро.
Нејзината колешка од репрезентацијата Мехмедовиќ три сезони го носи дресот на ЧСМ Букурешт. Првите девет години од кариерата (2007-2016) таа ги мина токму во Будуќност.
Со Будуќност два пати ја освојувала Лигата на шампионите (2012, 2015), а со репрезентацијата на Црна Гора, исто како и Радичевиќ, има европско злато и олимписко сребро.