Top Sport

Тешка повреда на Виктор Оладипо (Видео)

Индијана Пејсерс, во дербито на Истокот, ги совладаа Торонто Репторс 110:106. Победата на Пејсерс има горчлив вкус бидејчи во втората четвртина останаа без својот најдобра играч Виктор Оладипо.

Бекот на Пејсерс доживеа тешка повреда на коленото. Во втората четвртина во обид да спречи контра-напад на противникот тој незгодно падна и го повреди коленото.

Добро информираниот новинар Адријан Војнаровски веднаш објави дека Оладипо ќе мора да операција и дека сезоната за него е завршена.

Повредата на Оладипо значително ќе ги намали амбициите на Пејсерс, чии план беше да се вмешаат во борбата за првите две места во Источната конференција.

Индијана Пејсерс се наоѓаат на третото место на Истокот со 32 победи и 15 порази.

Scroll to Top