Дејвид Култард по повеќе од 20 години од „славниот“ судир со Михаел Шумахер на дождот на Спа Франкоршамп во 1998 година, конечно откри каков бил разговорот во боксот.
Шумахер пропушти шанса да победи на својата омилена патека тогаш, откако Култард необично успори пред него, и Германецот со своето Ферари удри во него. Дејмон Хил победи за Џордан, но трката е попозната по тоа што бесниот Шумахер веднаш тргна во гаражата на Мекларен да се пресмета со Култард.
Иако немаше конфликт во боксот, неколку дена подоцна имаше неформален состанок меѓу Шкотланѓанецот и Германецот.
„Не требаше да ја напуштам тркачката линија, бидејќи беше очигледно дека не ме гледа, но во моментов кога ми кажаа дека лидерот сака да ме помине за цел круг, сакав само да го пуштам. Знам дека беше лут. Вратот му беше црвен и очите ќе му излезе, но тимот не раздели. Се сретнавме недела подоцна во Монца. Седевме во автобусот на Берни Еклстоун и јас му кажав: ’Види, Михаел, сигурно и ти мораш да прифатиш одговорност бидејќи ти се удри во мене’. Тој воопшто не се согласуваше. Потоа му кажав: ’Па, сигурно и ти си погрешил некогаш?’. Тој студено одговори: ’Не се сеќавам на такво нешто’““, вели Култард.