Top Sport

Нурмагомедов: Уживав додека го удирав Мекгрегор в лице, тоа е многу добро чувство (видео)

Рускиот борец, Хабиб Нурмагомедов учествуваше во „Q&A” дружењето во австралиски Мелбурн каде во живо одговараше на прашањата на фановите.

По спектакуларната борба против Ирецот, Конор Мекгрегор, Русинот не се појавуваше често во јавноста. Сепак, пред навивачите откри како се чувствуваше додека го „средуваше“ Ирецот.

„Уживав додека го удирав в лице. Верувајте ми, тоа е многу добро чувство, после се што некој цело време ти зборува. Секогаш кога ќе го удрев уживав, го прашував, да разговараме. На крајот на втората или третата рунда ми рече дека е тоа се, се обиде да направи да се опуштам. Но тоа не е спаринг. Јас ќе продолжам се додека не е крај на борбата. Можеби тој не го разбра мојот англиски“ – рече Нурмагомедов.

Погледнете:

Scroll to Top