Леонардо Бонучи признава дека не бил „вистинскиот“ во Милан, но додава дека трансферот го натерал да „порасне“ и се надева дека и Гонзало Игуаин, уште еден фудбалер кој замина од Јуве во Милан и експресно „избега“ повторно ќе биде „голем фудбалер“.
Бонучи помина една сезона во Милан, пред минатото лето д се врати во Јувентус, каде што дел од фановите не го прифатија веднаш, и споредбата со Игуаин, кој замина во Челси по шест месеци на „Сан Сиро“ е неминовна.
„Сега сум позрел и порационален кога правам одлуки. Животот ти носи искуства кои те тераат да пораснеш, и јас го поминав тоа. Сега сум подобар човек, или барем поинаков од тоа што бев во минатото. Тој Бонучи во Милан не беше вистинскиот Бонучи. Минатото не е важно, освен ако имаш лекција за учење. Му посакувам на Пјатек многу среќа во Милан, и без разлика на тоа што се случи, Милан останува убав спомен за мене. Но, морав да се вратам дома во Јуве. Игуаин? Тој останува пријател и неодамна бевме на вечера. Изгледаше во добра форма и се надевам дека бргу ќе се врати како голем фудбалер“, вели Бонучи.