Top Sport

Шустер: Марсело лесно се дебелее, мора да внимавате на него

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Германецот Бернд Шустер вели дека и додека тој бил на чело на „кралскиот клуб“ имал проблеми со Марсело и неговата тенденција да има вишок на килограми. Тој му порача на Сантијаго Солари да ја следи ситуацијата.

„Во секој тим имате три-четири фудбалери кои имаат проблеми со тежината и Марсело е еден од нив. Тој лесно се дебелее и морате да бидете внимателни и да го следите постојано, посебно кога е повреден. Лесно ќе стави килограми, а потоа тешко ги симнува“, вели Шустер.

Тој имаше коментар и за односите на тренерот Сантијаго Солари и Иско.

„Нешто мора да се случило за Солари да го извади од стартиот тим. Нешто многу, многу големо“, додава Шустер.

Scroll to Top