Португалскиот репрезентативец Седрик Соареш, во текот на денот би требало да потпише договор со Интер. Португалецот е играч на Саутемптон, а во Интер треба да дојде како позајмен играч.
Интер по завршувањето на сезоната ќе има опција за 11 милиони евра да го откупи договорот на 27-годишниот десен бек.
Интер на оваа позиција го има и Шиме Врсаљко, но очигледно е дека тренерот Спалети не е задоволен од формата на хрватскиот репрезентативец. Новинарите шпекулираат дека Интер, ако не сега, тогаш по завршувањето на сезоната ќе го врати Врсаљко во Атлетико Мадрид.
#Inter done deal for Cedric! Loan with buy option for €11M to Southampton, the Portuguese right back will fly to Italy to have medicals and sign ??? #transfers #SaintsFC #Inter
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 24, 2019