Top Sport

Норвешка ја „стопираше“ Германија, против Данците за злато

Норвешка го повтори најголемиот успех во историјата на нивниот ракомет, пласирајќи се во финалето на Светското првенство со изненадувачка 30:25 победа над Германија во Хамбург, за да закажат пресметка со нордиските ривали Данска в недела.

Германија беше апсолутен фаворит пред мечот, добрата игра потпомогната од домашната публика, меѓутоа Норвежаните не мислеа така. „Маншафт“ ја имаше предноста само во почетокот на мечот, по што Норвешка полека ја градеше предноста, која достигнуваше и до четири во второто полувреме.

Магнус Абелвик Род имаше шест гола за „викинзите“, колку што имаше и Мирхол, додека Сандер Сагосен додаде пет. За Германците беа недоволи седумте гола на Уве Генсхајмер.

Со оваа победа, Норвешка го повтори успехот од претходниот Мундијал, кога загубија во финалето од Франција и ќе оди на прва титула против Данците, кои сепак, се големи фаворити откако им го нанесоа досега единствениот пораз на своите ривали во првата групна фаза од 30:26.

За Германците, пропуштена е голема шанса за големо финале, и сега ќе се судрат со Франција во мечот за бронзениот медал.

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 1/2 ФИНАЛЕ

Данска  – Франција 38:30 (21:15)

Германија – Норвешка 25:31 (12:14)

Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Scroll to Top