Тимот на Олимпик Марсеј синоќа во натпревар од Лига 1 претрпе домашен пораз од тимот на Лил со 1:2, но доби потврда дека не погреши со ангажирањето на италијанскиот интернационалец Марио Балотели.
„Супер – Марио“ го постигна почесниот погодок за домаќините во 95 минута, а негов прв во дресот на тимот од Марсеј. Олимпик губеше со 0-2 од Лил, а работата дополнително им ја закомпликува црвениот картон на Тован во 60. минута.
Балотели влезе во игра во 74 минута и успеа да погоди за утешен пораз на својот нов тим.