Прославениот фудбалски ас, Хрватот Роберт Просинечки неодмна имаше операција на дебелото црево од која сеуште се опоравува. Тој за хрватските медиуми вели дека сеуште не е во форма, но најлошото е над него, сега мора да се одмара и да внимава на себе.
„Вистината е дека месец дена воопшто не разислував за фидбал, а тоа е знак дека не ми било добро“ – вели Просинечки.
Сега кога повторно почнал да размислува за фудбалот, коментира дека му се допаѓа проектот Лига на нации.
„Лигата на нации донесе натпреварување, можност да се лансираш меѓу големите, донесе набој, емоција“ смета Просинечки кој е селектор на фудбалската репрезентација на БиХ.