Top Sport

Севилја во второ полувреме со „петарда“ за Леванте на Барди (видео)

Тимот на Севилја имаше фантастично второ полувреме против тимот од Валенсија, Леванте, каде настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Играчите на Севилја по 0-0 на полувреме од мечот, во вториот дел се пукнаа „петарда“ против Барди и другарите.
Гледачите на „Рамос Санчес Писхуан“ првиот гол во гостинската мрежа го видоа во 48 минута, стрелец беше Бен Једер. За вториот погодок се чекаше до 60 минута кога Андре Силва зголеми на 2-0.

На 3-0 зголеми Васкез во 71 минута по што беше очигледно дека Леванте ќе си отиде со полна мрежа.

Претпоследниот гол за Севилја беа постигнат од пенал, а беше дело на Сарабиа во 78 минута.

Домаќините добија уште еден удар од белата точка кој не го реализираше Промес во 89 минута. Сепак истиот играч во продолжение од акцијата налета на одбиената топка и се извади за промашувањето, погоди за конечни 5-0.

Енис Барди беше на теренот до 76 минута кога беше заменет од игра.

Севилја со новите три бода се искачи на третата позиција на табелата во Примера со 36 бода, пред Реал Мадрид на четвртата со ист број бодови, но и натпревар помалку.

Scroll to Top