Top Sport

Мората ги мина медицинските тестови во Атлетико

Алваро Мората е подготвен да почне со кам-бекот во клубот од детството Атлетико Мадрид, откако ги мина медицинските тестови на Универзитетската клиника на Навара, седум часа откако прситигна во шпанската престолнина.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Челси играше за „рохибланкос“ во младинските школи, пред да направи име во Реал Мадрид и Јувентус.

„Сè помина добро, фала му на Бога“, изјави кратко 26-годишниот Шпанец по тестовите.

„Марка“ јавува дека тој ќе го има својот прв тренинг со тимот на Диего Симеоне веќе денеска, за стратегот да оцени во каква физичка подготвеност е тој и во исто време да се запознае со своите нови соиграчи.

Scroll to Top