Торино го изненади Интер за минимална 1:0 победа на „Олимпико“ откако ги казни пропуштените шанси на чудната 3-5-2 формација на Лучано Спалети.
Лаутаро Мартинез имаше фантастична шанса во четвртата минута, по што и Мауро Икарди се закани на голот на Салваторе Сиригу, пред Торино да врати со гол во 35. минута откако на нафрлањето на Кристијан Ансалди, на вистинското мест се најде Армандо Ицо.
Интер се обидуваше да го смени интензитетот на игра во второто полувреме, со Миранда и Жоао Марио од клупата, меѓутоа на крајот „биковите“ останаа со полн плен. Интер мечот го заврши со 10 играчи по црвениот картон на Матео Политано.
Интер останува трет на табелата со 40 поени, осум помалку од второпласираниот Наполи, и само пет пред Милан, додека тимот на Валтер Мацари е на 10. место со 30 поени.
Фото: ЕПА