Првата ѕвезда на данскиот ракомет, Микел Хансен вели дека чувството да се стане светски шампион на домашен терен е прекрасно, но дека не би го менувал тоа со моментот кога стана татко.
Хансен признава дека не можел да посака подобар шампионат, откако по убедливата на победа на Норвешка стана и светски шампион и најдобар стрелец на првенството, откако претходно двапати ја почувствува горчината на поразот во финалињата во 2011 и 2013 година.
„Не можеше да биде подобро. Ова е нешто за што сонувате како дете, да станете шампиони дома. Бевме блиску толку многу пати, и не беше лесно да се надминат поразите. Но, на ова првенство бевме совршени во нападот и во одбраната“, изјави Хансен за данската „ТВ 2 спорт“.
И покрај вкусот на победата, Хансен вели дека почетокот на 2019 ќе ја памети по друго нешто.
„Имам син со мојата прекрасна девојка, бидејќи знаете, постојат и поголеми работи од ракометот. Секој кој е родител може да ме сфати. Тоа беше поголемо од овој успех, така што не можам да посакам подобар почеток на 2019“, вели Хансен.
Фото: ЕПА
„Четврта среќа“ – Данска моќно преку Норвешка за прва светска титула