Top Sport

Мекгрегор се поднови со јахта од 3 милиони фунти (видео)

Двата порази во низа (еден од Флојд Мејведер Јуниор и еден од Хабиб Нурмагомедов) не му го расипуваат расположението на Конор Мекгрегор, кој на Инстаграм се пофали со својата нова „персонализирана“ јахта, уживајќи во своето богатство

УФЦ ѕвездата се пофали со „Престиж 750“ јахта, со должина од 23 метри покажувајќи ја брошурата на која стои неговата изјава: „Бркањето на сонот ме инспирира“, како и изјава од Мухамед Али: „Тој кој не е доволно храбар да ризикува нема да оствари ништо во животот“.

Мекгрегор продолжува со подготовките за враќање во октагонот, најверојатно против Доналд „Каубој“ Сероне, но прво ќе мора да оди пред Спортската комисија на Невада, која го суспендираше по тепачката која се случи по мечот против Нурмагомедов на УФЦ 229.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Scroll to Top