Top Sport

Челси ризикуваат забрана на трансфери, може да го вратат Игуаин во Јуве?

Угледниот „Гардијан“ тврди дека Челси може да добие забрана на трансфери што може да направи проблеми со позајмицата на Гонзало Игуаин, официјално од тимот на Јувентус.

Слични казни претходно добија Барселона и Атлетико Мадрид, а сега треба да се загрижени и во Јувентус, бидејќи „сините“ го добија Игуаин на позајмица од нив со опција за купување, а забраната за трансфери дури би значела Аргентинецот да мора да се врати во Јуве.

ФИФА уште пред една година почна истрага за Челси откако стотина млади фудбалери купени од Челси во минатото (сите под 18 години), подоцна беа давани како позајмени фудбалери или воопшто не им биле продолжувани договорите.

Основното правило на ФИФА е дека клубовите не можат да донесат фудбалери под 18 години од други земји, освен ако нивните родители не емигрирале таму поради причини кои немаат врска со фудбалот, или клубот да е на 50 километри од националната граница. Според извори на „Гардијан“ проблематични се трансфери на околу 25 фудбалери.

Scroll to Top