Најсекси италијанската кошаркарка, Валентина Вињали во последното интервју на „РАИ“ го „закачи“ контроверзниот италијански вице-премиер, Матео Салвини, велејќи дека тој мора да поработи на имиџот на социјалните мрежи и дека и таа би можела да влезе во политиката.
„На свој начини и Матео Салвини е инфлуенсер и изгледа дека има добри вештини на водењето на социјалните мрежи, како што гледам на Фејсбук. Јас имам двојно повеќе следбеници од него? Па можеби треба да поработи на тоа. Политика? Којзнае, можеби ќе гласаат и за мене“, вели Вињали.
Вале Вињали покрај тоа што игра кошарка за клубот на Атена Рома, во Италија е позната како модел и е една од миленичките на таблоидите. Таа во 2010 година учествуваше на изборот на Мис Италија, каде што доби една од придружничките награди.
View this post on Instagram