Top Sport

Тони Надал: Рафа во 2013 година не можеше да ги свитка колената

Во новата колумна за шпанскиот весник „Ел паис“, Тони Надал, чичкото и поранешен тренер на Рафа се потсети на проблемите кои шпанскиот тениски ас ги имаше со повредите, коментирајќи ја одлуката на Енди Мареј да се повлече од тенисот.

Од јуни 2012 до февруари 2013 година, Надал паузираше од тенисот поради првите проблеми со колената во неговата долга кариера.

„Тешко е да е справиш со болката. Тешко е да се фокусираш на тениските удари и на развојот на мечот кога мораш да ја трпиш болката и да избегнуваш одредени движења. Во 2013 година, Рафаел не можеше да ги свитка колената поради болките, но мораше да се адаптира и да научи да живее со тоа. Кога се работи за колкот како кај Мареј, тешко е да продолжиш со тенисот. Густаво Кертен, уште еден голем број 1 во тенисот се повлече поради истиот проблем. Најдобрите денови на Мареј беа на хардкорт терени и на Вимблдон, кога Британија чекаше 77 години да го крене трофејот. Жал ми е што се повлекува бидејќи сакав да уживам во неговиот тенис. Се надевам дека ќе се збогува на Вимблдон каде што навивачите ќе знаат да му се заблагодарат“, пишува Тони Надал.

Scroll to Top