Top Sport

Геј ги „згасна сонцата“, Осман и Жижиќ за триумф на Кливленд (Видео)

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ на терените во НБА лигата. Руди Геј ја реши драмата во Сан Антонио, додека Њу Орлеанс Пеликанс славеа во Хјустон.

Њу Орлеанс Пеликанс беа Ентони Дејвис, Џулиус Рендл и Никола Миротиќ забележаа победа во Хјустон 121:116. Белскаше Џалил Окафор, кој забележа 27 поени и 12 скока. Третиот пик на драфтот во 2015 година извонредно игра откако првата ѕвезда во тимот Ентони Дејвис паузира поради повреда.

На спротивната страна Џејмс Харден заврши со 37 поени, 11 скока и 6 асистенции. „Брадата“ и на 24.натпревар во низа постигна најмалку 35 поени.

Сан Антонио Спарс во трилер завршница успеаја да го скршат отпорот на Финикс Санс. Спарс славеа 126:124 со поените на Руди Геј. Бекот на Спарс погоди со звукот на сирената. Геј мечот го заврши со 16 поени. Сан Антонио го предводеше Ламаркус Олдриџ со 29 поени и 14 скока. Кај Финикс се истакна Девин Букер со 38 поени.

Оклахома Тандер на крилјата на Пол Џорџ и Расел Вестбрук победија во Орландо 126:117. Вестбрук забележа уште еден трипл-дабл (23 поени, 14 скока, 14 асистенции), а Џорџ со 37 поени беше најефикасен на теренот.

Орландо вообичаено го предводеше Црногорецот Никола Вучевиќ со 27 поени и 11 скока.

Нова победа забележа и водечкиот тим во Источната конференција Милвоки Бакс. Во Детроит, Милвоки славеа со 115:105. Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 21 поен и 11 асистенции.

Турско-хрватскиот двоец, Чеди Осман и Анте Жижиќ се погрижија Кливленд Кавалирс да ги победата Вашингтон Визардс 116:113. Осман постигна 26 поени, а Жижиќ забележа 12 поени и исто толку скокови.

Бруклин Нетс ги победија Чикаго Булс 122:117, а Филалделфија во Лос Анџелес славеа над Лејкерс 121:105.

Scroll to Top