Јан Весели, еден од најдобрите играчи на кошаркарскиот клуб Фенербахче, ќе отсуствува од тимот што го предводи Жељко Обрадовиќ, пет или шест недели. Чешкиот репрезентативец имал успешна операција на менискуот.
Клубот на својата интернет страница информира дека најмалку пет недели ќе трае рехабилитацијата на Весели.
Турскиот клуб по 20 кола во Евролигата е на челната позиција со 18 победи и два порази. Чехот најверојатно ќе ги пропушти мечевите во Евролигата против Баерн Минхен, Панатинаикос, Дарушафака, Ефес и најверојатно Реал Мадрид.
Исто така Фенербахче нема да смета на неговите услуги и за завршниот турнир во Купот на Турција.