Top Sport

Солари: Во историјата не постои подобар клуб од Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, смета дека во историјата нема подобар клуб од неговиот и дека колегата од Манчестер сити, Пеп Гвардиола, направил намерна грешка кога не го ставил на листата на најдобри клубови во изминатата деценија.

Гвардиола, пред два, дена изјавил дека најдобрите европски клубови во последната деценија се Баерн Минхен, Јувентус и Барселона, бидејќи секоја година се борат за трофеите во националните првенства и во Лигата на шампионите.

„Мислам дека направил намерна грешка. Нема сега да дебатираме дали Реал бил најдобар во изминатата декада, бидејќи станува збор за најдобриот клуб во историјата“, рекол тренерот на клубот, кој под палката на Зинедин Зидан ги освои последните три титули во Лигата на шампионите.

Реал, в четврток, во Џирона ќе го одигра четврт-финалниот реванш во Купот на Кралот. По првиот меч Реал има предност 4:2.

„Ние и понатаму се бориме за три трофеи, сакаме да бидеме во игра до самиот крај. Поради тоа играчите се подготвени да го дадат максимумот, подготвени се го остават срцето на терен. Не постои натпревар што не е тежок. Мораме да играме сериозно“. заклучил Солари.

Гвардиола: Мора да бидеме како Барса, Баерн, Јуве…

Scroll to Top