Иско Алкоркон, фудбалерот на Реал Мадрид, би можел да го препушти престојниот дерби дуел со градски ривал Атлетико, поради повреда на бутниот мускул.
Иско се повреди настапувајќи за шпанската репрезентација, која во пријателски натпревар ја совлада Костарика со 5:0. Играчот на Реал поради повредата беше заменет во второто полувреме.
Атлетико и Реал ќе играат наредната сабота на „Ванда Метрополитано“ од 20:45 часот.
До тој меч Шпанија ќе одигра уште еден контролен меч, против домаќинот на Мундијалот Русија, дуелот на програмата е во вторник од 19:45 часот.