Top Sport

Одличен гест на супер-менаџерот Мендеш

Еден од најмоќните луѓе во светскиот фудбал, таканаречениот „супер-агент“ Жорге Мендеш имаше одличен гест во текот на викендов, помагајќи на едно семејство од Трешеида, каде што имаше катастрофални пожари последниве недели.

Мендеш е познат како агент на менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, но и на шпанскиот репрезентативен голман, Давид де Хеа, но најпознат е како агент на Кристијано Роналдо.

Мендеш ја слушнал приказната за семејството Фереира од Трешеидо, кои во октомври ја загубиле куќата од пожарот. Драматичната приказна вели дека тие спиеле кога се појавил пожарот и имало доволно време само да избегаат со децата.

Мендеш се согласил да им плати нова куќа на Фереира, а локалните власти ќе му помогнат да се среди бирократијата, објавува весникто „Корејо да мања“.

„Уништувањето беше неверојатно, немам зборови да го опишам тоа. Отсега ќе помогнам во нивниот живот. Сакам тие три деца да го добијат потребното образование“, изјави Мендеш.

И неговиот клиент, Роналдо реши да помогне на жртвите од пожарите, откако изјави дека ќе ги плати сите нивни медицински сметки. Сестрата на Роналдо, Катја Авеиро неодамна откри дека се работи за 370 луѓе.

Scroll to Top