Top Sport

Марадона го предизвикал Бобан на тепачка

Диего Армандо Марадона гневот по поразот на неговиот тим Дорадос од Закатопек (0:1) го истурил врз челниците на ФИФА, претседателот Џани Инфантино и генералниот секретар Звонимир Бобан.

Марадона тврди дека е измамен од страна на ФИФА бидејќи во оваа организација ништо не било сменето по заминувањето на Сеп Блатер.. Легендарниот Аргентинец се заканил дека наскоро ќе раскаже се што знае за „новата ФИФА“.

„Му кажав на Инфабтино дека ништо не е сменето и дека и понатаму не се почитуваат фудбалерите како Ван Бастен, Гулит, Мараодна..“.

Потоа тој продолжил да заборува за Бобан со кого имал недоразбирање во еден хотел каде Хрватот пречекал бројни фудбалски легенди.

„Сакам да му порачам на Бобан, кој е дел од ФИФА и кој ги прифати сите лоши работи, дека можеме да влеземе во боксерски ринг. Најлошот е што тој е испратен од Инфантино. Немам 20 години, имам 58 и повреден сум кога ќе се случат вакви работи, бидејќи им верував на луѓето. Повече не им верувам“, рекол Марадона.

Scroll to Top