Top Sport

Марсијал го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Повремениот француски репрезентативец Ентони Марсијал го стави својот потпис на новиот договор со Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ тој ќе остане до јуни 2024 година.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, минатата недела изјави дека францускиот напаѓач ќе добие нов договор.

Марсијал во Манчестер Јунајтед пристигна во ерата на Луј Ван Гал. Во 2015 година Јунајтед на Монако му плати 36 милиони фунти.

Досега настапил на 161 натпревар и постигнал 46 гола.

Минатото лето се поврзуваше со неколку големи клубови, бидејќи беше незадоволен од статусот што го имаше кај Жозе Мурињо, но откако Португалецот доби отказ фудбалерот реши да остане во клубот.

Scroll to Top