Top Sport

Србин и Црногорец ќе играат на Ол Стар натпреварот

Двајца играчи од просторите на поранешна Југославија ќе настапат на „Ол Стар“ натпреварот во НБА лигата. Тренерите во двете конференции ги избраа резервите, а меѓу нив своето место го најдоа Србинот Никола Јокиќ и Црногорецот Никола Вучевиќ.

Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс е првиот српски играч по пауза од 15 години, што ќе настапи на главниот натпревар, додека Вуќевиќ е првиот Црногорец кој ќе настапи на натпреварот на сите ѕвезди.

Изненадување претставува изоставувањето на Лука Дончиќ. Сензационалниот дебитант од навивачите доби преку три милиони гласови, но очигледно тренерите мислеа дека за него има време. Дончиќ ќе биде на „Ол Стар викендот“ и ќе настапи на натпреварот помеѓу САД и Светот.

Главниот натпревар ќе се одигра на 19 февруари, а капитените Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс на 7 февруари ќе ги изберат тимовите.

Стартните петорки ги избраа навивачите, медиумите и тренерите.

Запад: Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејмс Харден, Пол Џорџ
Исток: Кемба Вокер, Кајри Ирвинг, Каваи Ленард, Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид

Резерви од Западната конференција: Никола Јокиќ, Расел Вестбрук, Ентони Дејвис, Демијан Лелард, Ламаркус Олдриџ, Клеј Томпсон, Карл-Ентони-Таунс

Резерви од Источната конференција: Никола Вучевиќ, Кајл Лаури, Блејк Грифин, Крис Модлтон, Бен Симонс, Виктор Оладипо.

Бекот на Индијана Оладипо е избран меѓу резервите од Истокот но тој сигурно нема да настапи бидејќи поради повреда веќе ја заврши сезоната. Веројантно на неговото место ќе влезе бекот на Бруклин Нетс Дианџело Расел.

Scroll to Top