Ѕвездата на Њујорк Никс Кристапс Прозингис (23) кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс, објави познатиот НБА инсајдер Адријан Војнаровски.
Летонецот најпрвин изразил незадоволство од состојбата во Њујорк, а веднаш потоа ЕСПН објави дека Никс и Маверикс договориле трејд.
Покрај Прозингис во Далас од Њујорк ќе се преселат Кортни Ли и Тим Хардавеј Јуниор, додека Никс од Маверикс ги добија Весли Метјуз, Денис Смит Јуниор и Деандре Џордан.
Прозингис пред една година ги скина лигаментите на левото колено, на натпреварот против Милвоки Бакс. Една година по повредата се уште не е познато кога тој ќе се врати на терените.
За три сезони, колку што трае неговата кариера во НБА лигата тој има просек од 17,8 поени, 7,1 скока и 1,3 асистенции по натпревар. Порзингис на драфтот во 2015 година беше избран како четврти пик.