Белгиецот Миши Батшуаи и Србинот Лазар Марковиќ во последните минути од преодниот рок најдоа клубови каде ќе настапуваат до крајот на сезоната. Батшуаи ќе игра за Кристал палас, а Марковиќ за Фулам.
Миши Батшуаи играч кој постигна неколку значајни гола во сезоната кога Челси под водство на Антонио Конте ја освои Премиер лигата, никако не успева да се избори за својот статус во тимот од „Стенфорд Бриџ“.
Белгиецот вториот дел од минатата сезона го мина во Борисуја Дортмунд, а првите шест месец од актуелната сезона ги мина во Валенсија. Од моментот кога се од Валенсија, клубот се обидуваше да најде најдобро решение, бидејќи Маурицио Сари стави до знаење дека нема да му бидат потребни неговите услуги.
Синоќа пред полноќ репрезентативецот н Белгија се пресели во Кристал Палас. Клубовите договориле позајмица до крајот на сезоната.
Челси не може никако да го продаде Батшуаи бидејќи за него бара 35 милиони фунти, дума што ниту еден клуб не сака да ја плати.
Нов клуб, каде ќе се обиде да ја „врати“ кариерата на вистинскиот пат има и Србинот Марковиќ. Тој е играч на Ливерпул уште од 2014 година кога Бенфика заработи 25 милиони евра од неговиот трансфер.
Сепак 24-годишниот напаѓач не успеа да се наметне кај Јирген Клоп, тој досега има одиграно само 34 натпревари за Ливерпул.
Својот договор со Ливерпул го одработува на позајмици. Марковиќ изминатите години играше во Андерлехт, Фенербахче, Хал и Спортинг Лисабон.