Top Sport

Замер: Германскиот фудбал нема идентитет

Советникот во Борусија Дортмунд, прославениот фудбалер Матијас Замер, смета дека германскиот фудбал минува низ тежок период. Тој не бил задоволен од резултатот што репрезентацијата го постигнала на Светското првенство во Русија, а не е задоволен ниту од резултатите на германските клубови во европски рамки.

„Во секоја работа е потребно да имате идентитет. Имам впечаток дека германскиот фудбал го загубил идентитетот“, рекол Замер.

Замер кој со Борусија Дортмунд во 1997 година ја освои Логата на шампионите, а во 1996 година беше прогласен за играч на годината во Европа, не е задоволен ниту од резултатите на клубовите и репрезентацијата.

„Во моментов заостануваме и на клупско и на репрезентативно ниво. Германскиот фудбале секогаш го красел победничкиот менталитет. Сега немаме таков квалитет. Најдобрите екипи се составени од најдобрите индивидуалци, играчи што се лидери и играчи што играат за тимот. На еден добар тим му потребно сето ова. Индивидуалците го прават тимот да биде добар“, заклучил Замер.

Scroll to Top