Top Sport

Шифрин и Влхова ја „поделија“ победата

Американката Микаела Шифрин и Петра Влхова од Словачка ја поделија победата на трката во велеслалом, која во петокот се возеше во Марибор. Водечките во генералниот пласман во Светскиот куп по двете трки забележаа резултат 2:31.31 минута.

По првата трка најбрзо време имаше Шифрин (1:14.28), а Влхова имаше послаб резултат за 45 стотинки. Во второто возење Влхова ја надополни негативата, имаше најдобар резултат, а Шифрин само во втората трка беше четврта.

Шифрин ја забележа 12 победа сезонава, вкупно 55 во кариерата, додека Влхова има осум победи во кариерата, а сезонава таа победила на четири трки.

Третото место во Марибор и припадна на Норвежанката Рангхилд Мовинквел, која зад Шифрин и Влахова задоцни за 93 стотинки.

Ова беше последниот велеслалом пред почетокот на Светското првенство во Оре.

Во вкупниот пласман во велеслалом води Шифрин со 455 бода, пред Теса Ворли од Франција која има 374, а трета е Влхова со 318 поени.

Американката е водечка и во вкупниот пласман со 1.594 поени, втора е Влхова со 998.

Scroll to Top