Легендата на Барселона, Чави уште го „јаде фудбалскиот леб“ како фудбалер на Ал-Сад во Катарската старс лига, каде што исто така учи за тренер, а очигледно добро го познава азискиот фудбал, откако пред стартот на Азискиот куп ја направи својата прогноза до финалето.
Чави прво успеа да го препознае шампионот на турнирот во Обединетите Арапски Емирати – Катар, потоа погоди 7/8 од четврт-финалистите, а потоа и 3/4 од полуфиналистите.
Селекторот на Катар и сонародник на Чави, вели дека сега ќе почне да му се јавува на легендарниот фудбалер.
„Сега ќе почнам да му се јавувам на Чави, за да може да ги предвиди сите други наши натпревари пред Светксото првенство во 2022“, вели Феликс Санчез.
Astonishingly, Xavi has correctly predicted the winner of the Asian Cup 2019.
First, he correctly predicted 7/8 quarter-finalists, then 3/4 semi-finalists and both the finalists.
He backed a tournament win for Qatar.
Qatar won the final vs. Japan 3-1. pic.twitter.com/KycKa7Zogh
— FourFourTweet (@FourFourTweet) February 1, 2019