Top Sport

Невиден рекорд! Турскиот Елазигспор купи 22 фудбалери за два часа!

Јануарскиот преоден рок помина без трансфери на големи ѕвезди, но затоа турскиот клуб Елазигспор постави апсолутен рекорд.

Второлигашот беше под трансфер-забрана, но успеа да се договори со Турската фудбалска асоцијација во последниот момент, по што имаа луд ден на потпишување и регистрирање на фудбалери, иако уште немаат постојан тренер.

За само два часа, тие успеаја да потпишат со рекордни 22 фудбалери – 12 со постојан договор и 10 на позајмица до крајот на сезоната.

Селџук Озтурк, поранешниот претседател на клубот беше пресреќен од оваа трансфер-активност.

„Би сакал да се заблагодарам на сите во клубот кои помогнаа во овој успех. Преговаравме со федерацијата околу забраната за трансфери и со фудбалерите во исто време. Кога забраната беше крената, успеавме да ја завршиме работата за два часа“, вели Озтурк.

Scroll to Top