Top Sport

Драма во Лече, натпреварот прекинат по само пет секунди (Видео)

Натпреварот помеѓу Лече и Асколи, во Серија Б, бил прекинат по само пет секунди, откако фудбалерот на домашниот тим Мануел Скавоне, се срушил на теренот.

32-годишниот играч по еден „воздушен“ дуел паднал на теренот, по што веднаш следувала панична реакција на фудбалерите на двата тима.

Впечатокот е дека Скавоне и пред да падне на тревата останал без свест. Лекарите со брза реанимација успеале да спречат срцето да престане да работи. Играчот потоа веднаш бил хоспитализиран.

Новинарот на „Газета дело Спорт“, известил дека по инцидентот слушнал дека Скавоне разговарал со лекарите.

Сепак, бидејќи клубовите побарале, судијата го прекинал натпреварот.

Scroll to Top