Еден од најпознатите светски тренери, Жозе Мурињо, ретко говори за натпреварите што ги играл со своите тимови во минатото. Откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, то има многу слободно време, па решил да се присети на минатото.
Мурињо, со Порто успеа да ја освои Лигата на шампионите во 2004 година, а годината претходно славеше во Купот на УЕФА.
Иако Лигата на шампионите со Порто е најголемиот успех во неговата кариера, еден друг меч едвај „преживеал“. Тоа е дуелот во финалето на Купот на УЕФА, кога Порто по продолженијата го победи Селтик (3:2).
„Финалето пртиов Селтик не е најголема победа или најголема радост, но сигурно е најтешкиот натпревар што сум го водел. Кога мечот заврши мислев дека сум мртов колку дуелот беше напнат. Од тој меч играв уште три европски финалиња, освоив многу титули, но според тензиите и напнатоста дуелот со Селтик не може да се спореди со ниту еден друг“, рекол.