Top Sport

Манчини го врати Кваљарела во репрезентацијата

Фабио Кваљарела по осум години повторно доби повик во италијанската репрезентација. Ветеранот ја игра најдобрата сезона во кариерата, тој е најдобар стрелец во Серија А со 16 гола, еден повеќе од Кристијано Ронадо и Дуван Запата.

36-годишниот Кваљарела успеа да го израмни рекордот на Габриел Батистута, откако успеа да постигне најмалку еден гол на 11 натпревари во низа.

Добрата форма го натера селекторот Роберто Манчини да го врати Кваљарела во репрезентацијата.

Италија на 4 и 5 февруари ќе се подготвуваат за почетокот на квалификациите за ЕУРО 2020, а покрај Кваљарела, на списокот има уште неколку изненадувања.

Манчи ги повика десниот бек на Милан, Андреа Конти, играчот на Торино Армандо Ицо и двоецот од Парма Алесандро Бастони и Роберто Инглесе.

Scroll to Top