Дуелот одигран во рамките на 22 коло во Ла Лига помеѓу Барселона и Валенсија заврши без победник 2:2. Барселона успеа да освои бод, откако гостите од Валенсија имаа два гола предност по 30 минути игра. Каталонците од пораз ги спаси Лео Меси.
Валенсија многу подобро влезе во натпреварот на „Ноу Камп“, во првите десет минути Тер Штеген не успеаја да го совладаат Дани Парехо и Черишев.
Добрата игра играчите на Валенсија ја наплатија во 24 минута, кога Родриго Морено го спои со голот Кевин Гамерио, а францускиот интернационалец го совлада Тер Штеген.
Осум минути подоцна уште еден шок за фановите на Барселона. Серхи Роберто направи нерезонски фаул за пенал. Сигурен реализатор беше Дани Парехо.
До крајот на полувремето, играчите на Барселона два пати ја погодија рамката на голот, а Нето успеа да одбрани еден тежок шут на Кутињо.
Во 39 минута Барселона израмни од пенал, на кој му претходеше стартот на Тони Лато врз Семедо. Меси погоди од белата точка.
Аргентинецот, во второто полувреме во 64 минута, ја круниса со гол големата иницијатива на Барселона и со својот втор гол израмни на 2:2.
До крајиот на мечот Барселона притискаше, но без сериозни шанси, додека Родриго Морено не реализира една изгледна шанса за Валенсија.
Барселона сега на врвот има шест бода повеќе од Атлетико. Екипата од Мадрид својот меч од ова коло ќе го одигра утре. Валенсија со освоениот бод се врати на седмото место на табелата.