Фудбалерите на Кардиф, во 25 коло, забележаа победа над Борнмут 2:0. Стрелец на двата гола беше Боби Рид.
Дуелот помеѓу Кардиф и Бормнут започна со минута молчење за Емилијано Сала кого навивачите на екипата од Велс не дочекаа да го видат во синиот дрес. Боби Рид во петтата минута постигна гол од пенал.
Голот му го посвети на аргентинскиот напаѓач, кој пред две недели исчезна заедно со пилотот Дејвид Иботсон над Ламаш, на летот од Нант кон Кардиф.
Конечниот резултат Рид го постави на самиот почеток на второто полувреме.
Боби Рид, денес го прослави својот 26 роденден. Тој е првиот играч по пауза од три години кој на својот роденден постигнал два гола во Премиер лигата. На 3 декември 2016 година тоа му успеа на Белгиецот Кристијан Бентеке.