Top Sport

Убедлив пораз на Металург од ППД Загреб

Ракометарите на Металург забележаа пораз во првиот натпревар што го одиграа во 2019 година. Металург, во 14 коло во СЕХА лигата, убедливо е поразен од ППД Загреб 24:36. (10:15).

Играчите на тренерот Данило Брестовац, против фаворизираниот противник, успеаја да се носат само 20 минути. Имаа предност металурзите 8:6, но до крајот на полувремето гостите постигнаа девет гола и ја најавија победата.

Во второто полувреме предноста на ППД Загреб константно растеше до максималните 12 гола.

Арсеновски со пет гола беше најефикасен кај Металург, додека на спротивната страна Буриќ постигна седум гола.

Металург се претпоследни на табелата, додека ППД Загреб се израмнија на лидерската позиција со Вардар.

фото/rkmetalurg.mk

Scroll to Top