Барселона, вчера, не успеа да ја победи Валенсија на „Ноу Камп“, мечот заврши 2:2, но повеќе од резултатот сите во клубот ги загрижува повредата на најдобриот играч, Лионел Меси.
Аргентинецот, успеа со два гола да извлече бод за својот тим, откако Валенсија во првите 30 минути стигна до предност 0:2.
Меси во 70 минута доби удар во бутниот мускул на десната нога, неколку минути му се укажуваше лекарска помош, а потоа се врати на теренот. Каква е состојбата со Меси, во пресрет на првиот меч со реал во полу-финалето на Купот ќе биде познато денес.
„Меси има помал проблем. Не знам точно да ви кажам за што станува збор. Ќе мора да почекаме да слушнеме што ќе кажат лекарите. Доколку е добро ќе игра против Реал.
Барселона ќе го пречека Реал в среда, а реваншот во Мадрид ќе се одигра на 27 февруари.