Top Sport

Блескаво деби за Кагава, два гола за две минути (Видео)

Шинџи Кагава имаше блескаво деби во дресот на Бешикатш. Во гостинската победа над Анталијаспор (6:2), Јапонецот постигна два гола.

Кагава во зимскиот преоден рок ги засили редовите на Бешикташ и веќе на првиот меч покажа дека челниците на клубот погодија со неговиот ангажман.

Кагава во играше во последните десет минути, а во првиот допир со топката, во 82.минута успеа да постигне гол. Две минути подоцна Јапонецот уште еднаш го совлада противничкиот голман.

Покрај Кагава за Бешикташ погодија уште Љајиќ, Токоз, Хачисон и Дурсун (автогол).

Со овој триумф Бешикташ стигна до третото место на табелата со 33 бода, колку што имаат Малатија и Трабзон.

Scroll to Top