Портланд Трејлблејзерс и Кливленд Кавалирс направија интересен трејд, во кој глана ѕвезда е Родни Худ.
Портланд го сакаше и во размената на кошаркари го доби Родни Худ. овој играч во тековната сезона бележи по 12,2 поени во просек, со процент на реализација од 42 отсто.
Во замена за Худ, Портланд во Кливленд ги испрати Ник Стаускас и Вејд Болдвин, како и два втори пика од наредната втора рунда на драфтот.
Портланд на половина од сезоната се наоѓа на четвртото место на Западот со 32 победи и 20 порази, додека Кливленд се претпоследни на Истокот со 11 победи и 42 порази.