Ред бул ќе го претстават својот прв болид со мотори на Хонда, РБ15 следната недела, на ист ден кога шампионскиот тим на Мерцедес ќе го претстави својот болид во Силверстоун.
Ред бул, последните Ф1 шампиони пред стартот на доминацијата на Мерцедес, минатата сезона завршија како трети зад „сребрената стрела“ и Ферари, по што ги заменија моторите на Рено со тие на Хонда за новата сезона која почнува на 17 март во Австралија. Тие исто така имаат и нов возач, откако на Макс Ферстапен ќе му се приклучи Французинот Пјер Гасли.
Fix up, look sharp ? A sneak peek at our race ready apparel for 2019 @pumamotorsport ? pic.twitter.com/mzxGiYV6qP
— Red Bull Racing (@redbullracing) February 4, 2019
Тие ќе го покажат својот болид на 13 февруари, откако и Мерцедес го најавија В10 болидот за истиот ден на приватна сесија во Силверстоун. Рејсинг поинт, тимот до лани познат како Форс Индија пред да биде откупен од таткото на Ленс Строл, милијардерот Лоренс Строл ќе го покажат својот болид исто така на 13 февруари во Торонто.
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) January 30, 2019
Хас Ф1 ќе бидат први со презентација во Лондон на 11 февруари, пред тимот на Торо росо, на 12 февруари ќе биде време за покажување на новиот болид на Рено, додека Мекларен ќе го претстават болидот на Денот на вљубените, 14 февруари. Ферари „доцнат“ со презентација на 15 февруари.
Зимското тестирање во Ф1 стартува на патеката „Каталуња“ покрај Барселона на 18 февруари.
Just one team yet to announce, with our first view of 2019 on Thursday ?
It’s getting nearer! ?#F1 pic.twitter.com/MSta7wiyiA
— Formula 1 (@F1) February 4, 2019