Поранешната словачка пливачка Луција Аларова по пензионирањето работи како учителка по пливање, а едни од нејзините клиенти се близначките на Роџер Федерер, деветгодишните Мајла и Шарлин.
Таа открива дека, секако под влијание на нивната мајка, Мирка Вавринец, тие зборуваат меѓу себе на словачки јазик.
„Тоа е голема чест за мене и среќна сум што работите функционираат. За првиот час дојде и славниот татко и се ракуваше со мене и ми кажа: ’Здраво, јас сум Роџер Федерер’, што беше смешно бидејќи сите кои знаат тенис го познаваат. Неговите ќерки честопати читаат детски приказни на словачки додека нивниот татко игра тенис и кога ќе ги прашам на кој јазик сакаат да зборуваме, и секогаш бираат словачки“, вели Аларова.
Во моментов, неговите четиригодишни близнаци, Лео и Лени играат само тенис.